Амбасадорот на Италија, Н.Е. Андреа Силвестри, денес, оствари средба со градоначалникот Кирил Пецаков. Тие разговараа со туристичката сеозна и можноста за промоција на туристичката понуда на Охрид пред италијанскиот пазар.

Соговорниците взаемно се согласија дека пилот проектот за изучување на италијански јазик во основните училишта помина одлично и затоа се планира оваа година тој да се надогради.

Амбасадорот истакна дека ќе вложи напори за повторно активнирање на авиолинија од охридскиот аеродром до Италија.

Во рамки на посеата, амбасадорот во присуство на градоначалникот, членови на фамилијата и пријатели на госпоѓата Франка Винчензи Маркулеска и додели орден за заслуги „Ѕвезда на Италија“.