Се повикуваат корисниците на урбана опрема коишто имаат склучено договор со општина Охрид за поставување на урбана опрема, во најкраток можен рок да ги подмират обврските и да прибават одобренија за поставување на урбана опрема.

Физичките и правните лица коишто немаат склучено договори за поставување на урбана опрема, да поднесат барање за издавање на одобрение за поставување на урбана опрема.

Доколку физичките и правните лица не постапат по горенаведеното, општина Охрид ќе пристапи кон отстранување на нелегално поставената урбана опрема.