Во  рамки на чествувањата посветени на Св. Климент – Патрон на градот Охрид, вечерва во  изложбениот салон при НУ Центар за Култура „Григор Прличев“ беше отворена  традиционалната изложба на  Фото Клуб – Охрид . Веднаш потоа во Галеријата при установата  беше отворена изложба на дела од учениците од ОСУ „Св. Климент Охридски“.