Се известуваат сите граѓани на Општина Охрид дека од 26.11 2019 година (вторник)  ќе се извршат одредени измени на режимот на сообраќај во централно градско подрачје  по барање на СВР  Охрид – Одделение за полиција  и тоа:

  • На делот од улицата „ Дејан Војвода“ од пресекот со ул. „Македонски Просветители “ до пресек со ул. „ Абас Емин “ ќе се одвива еднонасочен сообраќај и тоа во насока  од ул. „Абас Емин “ спрема улицата „ Македонски Просветители“;
  • На делот од ул. „ Македонски Просветители “ кај Пожарна  ќе се одвива еднонасочен сообраќај во насока  спрема   улицата  „Абас Емин “ .

Се молат сите учесници  во сообраќајот да се придржуваат според измените на режимот на сообраќај.