По повод годишнината од смртта на Методи Патчев, делегација на Општина Охрид, предводена од заменик градоначалникот Перчо Божиновски,  денеска положи свежо цвеќе на спомен обележјето на охридскиот револуционер во градскиот парк.
Свежо цвеќе положија и членови од фамилијата Патчев, претставници од  Општинското основно музичко училиште „Методи Патчев“, Сојузот на борци на Република Македонија и претставници на политички партии.