Празнувањето на 11 Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ и почетокот на Народноослободителната борба, денес продолжи со полагање на свежо цвеќе пред спомениците на борците од НОБ.

Делегации на Општина Охрид, ОО на Сојузот на борците, претставници на политичките партии и пратеници на повеќе локации во градов положија свежо цвеќе и се поклонија пред великаните на НОБ.