Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид  дека  на  ден  27.06.2019 год.  (четврток)  ќе  се спроведе теристичка (од земја) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши во период од 21 до 06 часот.

Со дезинсекцијата ќе биде опфатено охридското крајбрежјето на потегот од с. Подмолје до комплексот Св. Наум, територијата на град Охрид и потегот на реките Грашница и Коселска Река.

Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги преземат соодветните мерки за заштита на пчелите.

Во случај на појава на неповолни временски услови  (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.