Во рамките на програмата Еразмус, што вклучува размена на ученици и работа на заеднички проекти од различни земји во Европа, денес во посета на Општина Охрид беа учениците и нивните професори од Белгија, Шпанија и Турција.

Домаќин на гостите од Европа беше ОСУ „Св.Климент Охридски“ и нивните врсници од Охрид, кои заеднички работеа на проектот „Go green, include me in“ втора мобилност. За успешно завршената работа сите ученици и професори добија соодветни сертификати.

Проектот го водеа и спроведоа професорките Александра Томоска и Надица Николоска Филипоски.