Делегација на Општина Охрид предводена од претседателката на Советот, Живка Ангелоска положи свежо цвеќе пред спомен обележјата на паднатите борци од НОБ во Паркот на револуцијата, а повод одбележувањето на 7-ми Ноември, Денот на ослободувањето на Охрид.

Цвеќе положија и останати претставници од политичкиот и јавниот живот од градов.