На пригодна свеченост која се одржа денеска на охридскиот плоштад, градоначалникот Кирил Пецаков ги додели наградите од Литературниот конкурс кој беше распишан по повод Свети Климент Охридски Патрон на Охрид.

    • ИНТЕРЕН ОГЛАСВо I категорија за ученици од одделенска настава (од прво до петто одделение) наградена е поетската творба „Охрид градот на нашите просветители“ од Фросина Апостоловска, ученичка во четвртто одделение при ООУ „Григор Прличев“.

 

    • Во II категорија за ученици од предметна настава (од шесто до деветто одделение) наградена е потеската творба „Клименте“ од Сара Котеска ученичка во деветто одделение во ООУ „Кочо Рацин“.

 

    • Во III категорија за ученици во средно образование (од прва до четврта година) наградена е поетската творба „Светоста на твоето име“ од Симона Димитриеска, ученичка во прва година во ОСУ „Свети Климент Охридски“.

 

На наградените ученици им беа доделени парични награди и пригодни подароци. За избор на најдобрите творби на конкурсот одлучуваше жири комисијата во состав: м-р Перчо Божиновски (претседател), проф. Светлана Велкоска (член) и проф. Светлана Огненова (член).