Со свечена приредба која се одржа вчера во спортската сала „Тодор Александров“, ООУ „Живко Чинго“ од Велгошти го одбележа својот патронен празник.

Во рамки на програмата беа доделени и наградите од литературниот и ликовен конкурс, а публиката имаше можност да проследи рецитали, ритмички точки и драматизации подготвени од страна на учениците.

Пред почетокот на приредбата беше положено свежо цвеќе пред спомен обележјето на Живко Чинго во училишниот двор.