Во објектот „Росица“ од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, заврши реконструкција на кровот. Стариот и дотраен кров, беше заменет со нов лимен.

Вредноста на зафатот изнесува околу три милиони денари, средства обезбедени од  буџетот на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“.

Претходно во овој објект беше променето осветлувањето со нови енергетски ефикасни светилки.