Учениците од трето одделение при OОУ „Григор Прличев“ и учениците од трето, четврто, петто, осмо и девето одделение при OОУ „Свети Наум Охридски“ од Пештани денеска беа во посета на Општина Охрид.

Градоначалникот Кирил Пецаков ги прими младите гости во големата општинска сала и ги запозна со основните информации околу начинот на функционирање на локалната самоуправа, јавните претпријатија и општинскиот совет. Љубопитните ученици поставуваа низа интересни прашања, на кои градоначалникот со задоволство одговараше.

Ученичките посети се дел од наставната програма по предметите Општество и Граѓанско образование.