Градоначалникот на Општина Охрид ,Кирил Пецаков во придружба на Секретарот, Александар Китески  денеска во големата сала на општинската зграда ги прими четвртоодделенците од ООУ „Христо Узунов“. На средбата младите се запознаа со работата  на локалната власт и јавните претпријатија.

Градоначалникот и Секретарот одговараа и на прашањата на учениците. Посетата во општината е дел од наставната програма во основните училишта.