Датум:
август 21, 2020 – август 22, 2020
2020-08-21T00:00:00+02:00
2020-08-23T00:00:00+02:00
ПОЕТСКА  НОЌ ВО  ВЕЛЕСТОВО

32. ИЗДАНИЕ НА „ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО

Со стиховите на Зоран Анчевски и изложба на скулптури на Димитар Филипоски, во петок на 21-ви август 2020 година ќе започне 32. издание на интернационaлната манифестација, „Поетска ноќ во Велестово“.

Програмата од првата поетска вечер, традиционално ќе се одржи на локацијата „Чешма“, а ќе биде збогатена со настап на „Skopje guitar trio“.

Втората поетска вечер ќе се одржи на 22-ри август на локацијата „Каменон“ со почеток во 18 часот. Во рамки на програмата ќе бидат претставени поетите Тоде Илиевски, Биљана Стојановска, Владимир Мартиновски, Павлина Атанасова, Ѓоко Здравески и Јулијана Величковска.

Годинешното издание на „Поетска ноќ во Велестово“ ќе биде организирано во согласност со сите мерки и протоколи за заштита од вирусот „КОВИД 19“.

И оваа година поетската манифестација е поддржана од Општина Охрид.

 

 

Носител: Здружение Поетска ноќ Велестово”, Комисија за одбележување празници и манифестации и доделувања  награди и признанија.