Е- УРБАНИЗАМ
Врз основа на член 37 став 5 од Законот за урбанистичко планирање (Сл. весник на РСМ 32/2020) информацискиот систем е-урбанизам има отворен дел, односно веб страна, со која се овозможува отворена и бесплатна достапност на јавноста кон постапката за донесување на урбанистички планови, што ги содржи клучните фази од постапката:
- планска програма,
- нацрт план и
- предлог план.
Отворениот дел на системот овозможува достапност кон сите донесени урбанистички планови што се на сила, како и архива за претходно донесените планови што се вон сила.
ПОСТАПКИ ПО Е – УРБАНИЗАМ
(Одберете го соодветниот наслов на планот и во полето одберете го поднасловот за да пристапите до потребниот документ. Заради големината на фајловите (плановите) преземањето може да се одвива побавно …)
Овластени корисници на информацискиот систем е-урбанизам се изработувачот на урбанистичкиот план, органите на донесувачот и органите на државна управа кои се вклучени во постапката за донесување на урбанистички план, субјектите и органите од членот 47 од овој закон, членовите на комисиите кои учествуваат во постапката за донесување на планот, Агенцијата за планирање на просторот и Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам.
Контакт: Татјана Стојческа
Телефон: (046) 262492 / (046) 262493 лок. 129
E-mail: urbanizam@ohrid.gov.mk